Предновогодишен Ротаракт базар со наслов „Остави пакетче, земи книга“ организираа членовите на Ротаракт клубот Кочани-Виница. Во Градскиот парк во Кочани денес граѓаните имаа можност да донираат новогодишни пакетчиња , а за возврат да си одберат книга за себе.
Собраните пакетчиња членовите на Ротаракт клубот ќе ги донираат на децата од ООУ „Славчо Стојменски“ во Виница. Овој настан е во рамки на предновогодишните активности на младите ротаријанци кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост и грижа за заедницата.
И.Матеничарски

