Предновогодишна акција на Форумот на жени на ОО на СДСМ – Кочани

Новогодишните празници секогаш се инспирација за хуманост и солидарност.
Форумот на жени на ОО СДСМ Кочани, и оваа година организираше хуманитарна акција со донирање облека и обувки на социјално загрозени семејства и новогодишни пакетчиња на деца во социјален ризик и со посебни потреби.
Да ги негуваме човечките вредности за да сите еднакво се радуваме на убавите празници.
Да ги прославиме празниците во кругот на најблиските и да ги почитуваме мерките.
Ви посакувам новата 2021-ва да ви донесе пред сѐ здравје, многу насмевки и причини за среќа!

Со почит,
Претседателка на Форум на жени на ОО СДСМ Кочани
Ивана Максимова

Сподели: