Предновогодишна хумана акција на ДПД – Кочани – Донирај пакетче „И јас сум дете“

Доброволното противпожарно друштво – Кочани и годинава се вклучи во акцијата #Ијассум дете за обезбедување на новогодишни пакетчиња за деца од социјален ризик.

Станува збор за иницијатива преку која на неколку локации во Кочани се поставени кутии за донација на новогодишни пакетчиња, кои пред Нова година ќе бидат подарени на деца од загрозени семејства  како хумана активност и гест на пожарникарите – доброволци.

– ДПД Кочани со гордост објавува дека и оваа година се вклучува во проектот #ијассумдете.  Преку овој проект ќе се собираат новогодишни пакетчиња кои пред Нова година членови на ДПД Кочани ќе ги поделат на дечиња од социјално ранливи категории. Секој што сака да донира новогодишно пакетче тоа може да го направи во „Ла Спеза“, Станица за технички преглед „Кузе Моторс“, Маркет „Кај Тоше“, „Разнопромет – Ана“ и во ДПД Кочани каде што веќе се поставени кутии за донации. Минатата година Кочани беше во топ 3 градови по бројот на собрани пакетчиња и се надеваме дека и оваа година ќе покажеме уште еднаш дека сме солидарни и ќе израдуваме многу дечиња. Донирај пакетче за повеќе детски насмевки, истакнаа од ДПД – Кочани.

Сподели: