Организаторите на ридско-брзинските трки на Пониква информираат дека двете финални трки од првенството, наместо овој викенд на 3-ти и 4-ти октомври се презакажани за следниот викенд.
Новиот термин на одржување на трките е на 10-ти и 11-ти октомври.
Љубителите на автомобилизмот ќе имаат можност да уживаат во последните две возења од овогодинешниот шампионат во Државното првенство во автомобилизам, чиј финиш е планиран токму на патеката кон Пониква.