Презентиран конкурсот за запишување ученици во средните училишта за учебната 2021/2022 година

Министерството за образование и наука го презентираше Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Македонија.

Посебен акцент годинава е ставен на средното стручно образование, кое, како што рече министерката Царовска е образование на сегашноста и на иднината. Апелираше учениците да се запишат во средните стручни училишта. За таа цел ја реализираа и кампањатата „Учи паметно, работи стручно“ преку која се воспоставува врска и соработка помеѓу училиштата и приватниот сектор. Првпат конкурсот е донесен во социјален дијалог со локалните самоуправи и со реалниот сектор.

СОУ „Гошо Викентиев“ воспостави соработка со повеќе фирми од Кочани и Виница со што од десетте планирани паралелки годинава три ќе бидат дуални.

-Денескa во дневниот весник „Слободен печат“ и на веб страницата на МОН е објавен конкурсот за запишување на ученици во прва година за учебната 2021 2022 година. Нашето училиште распиша конкурс за формирање на десет паралелки од кои 5 во електротехничката струка, 4 во машинската и една во сообраќајнатга струка. Од овие десет паралеки осум се со четири годишно обрзование а две со тригодишно обрзование. Во изминативе неколку месеци МОН посебен акцент стави на афирмација на средното стручно обрзование и поттикнување на соработката на училиштата со реалните компании од приватниот и државниот сектор. За таа цел беше реализирана кампањата „Учи памето работи стручно“ која што се состоеше од воспоставување на контакти помеѓу компаниите и училиштата и формирање на паралелки од дуалното образование. Учениците во овие компании практичната настава ќе ја изведуваат во текот на нивнот школување во втора, трета и четврта година. Нашето училиште распиша конкурс за формирање на три паралеки од дуалното обрзование и притоа склучивме договори за соработка со шест компании од Кочани и Виница. Тоа се компаниите Амфенол Технолоџи Македонија, Електро Херц Кочани, Руен Инокс Аутомобиле и Техком Кочани и од Виница Макпрогрес и Електро Вин, истакна Тони Велков, помошник директор на СОУ „Гошо Викентиев“.

На претпоследната владина седница пак беше донесена и политиката за стипендирање. За прв пат се воведува стипендирање на тригодишното и четиригодишното образование.

-За поголема атрактивност на средното стручно образование МОН за наредната учебна година за учениците од прва година обезбеди 1.500 стипендии на ниво на држава. Стипендијата ќе биде 3.500 денари месечно а ќе се даваат 9 месеци во текот на учебната година. Исто така за поголема атрактивост и на тригодшното образование се обезбедени 500 стипендии по 3.500 денари исто така во траење на девет месеци во текот на учебната година. Со тоа се надеваме дека ќе запишеме поголем број ученици во наредната учебна година, додаде Велков.

МОН како придобивки од стручното образование ги истакна: брз и успешен настап на пазарот на труд на секој ученик што ќе заврши средно стручно образование, добра основа за понатамошна високообразовна надградба, гарантирана добра заработка и финансиско осамостојување на младите кои побрзо можат да дојдат до работни места и компаниите добиваат подготвени и веднаш вработливи кадри.

Сподели: