Прекин на водоснабдувањето во средна и висока зона на Кочани

Поради дефект и испад на електро мрежата од која со струја се снабдува резервоарскиот систем на КЈП “Водовод” настана прекин во водоснабдувањето до крајните корисници во средна и висока зона. Во моментот започнува нормализирање на водоснабдувањето на средна зона, а нормализација на состојбата со водоснабдувањето до висока зона се очекува за најмногу 2 часа.

КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои се соочија поради прекинот во водоснабдувањето и им благодари на разбирањето.

Сподели: