Прекин на водоснабдувањето на високата и средната зона во Кочани

Поради дефект на препумпна станица, потрошувачите на вода од системот за водоснабдување од Градскиот водовод од високата и средната зона во Кочани денеска (5 март 2021 г.) ќе останат без вода до 15 ч.


Екипи на КЈП „Водовод“ работат на поправка на дефектот и најавуваат дека по неговото отстранување притисокот на вода ќе биде слаб, но брзо ќе се нормализира.

КЈП „Водовод“ се извинува за пречките во снабдувањето со вода.

Сподели: