Градот Кочани и населените места утрово околу 9 ч. останаа без напојување со електрична енергија.
Според информацијата на струја.мк можни се два и пол часовни кратки прекини на територија на цела општина Кочани за 14 ноември во периодот од 09:05 до 11:30 на територија на Кочани.
Од 09:15 до 12:00 ч. најавен е прекин на електрична енергија на фирма Те-Мебел, фирма Кик-Ком, КЈП Водовод Стопански двор, Прилепска пивара, објекти на поранешна Витаминка, Капела кај Градски гробишта, ул. Индустриска.