Преку дистрибуција на хуманитарна помош и медицински прегледи на населението од с. Полаки, Црвен крст Кочани ќе ја одбележи Неделата за грижа на стари лица

Преку посета и дистрибуција на хуманитарна помош и лекарски прегледи на месното население од потпланинските села на Осоговијата, општинската организација на Црвен крст Кочани ќе ја одбележи Неделата за грижа на стари лица.

Традиционалната активност за посета на населението е предвидено да се реализира следната седмица, со посета на селото Полаки на Осоговските Планини.

Тим на волонтери ќе дистрибуира пакети со храна и хигиена за тамошното население при што на жителите ќе им бидат вршени лекарски преглед од медицинско лице, односно мерење на нивото на шеќер во крвта и крвнен притисок, информираат од Црвен крст Кочани.

Во рамки на активностите на Црвен крст Кочани за грижа за повозрасното население, во тек се активности на сервисната услуга за нега на стари лица во домашни услови, чиј имплементатор е Црвен крст Кочани во соработка со локалната самоуправа на Кочани.

Од неодамна Црвен крст Кочани во функција стави телефонски телефонски линии за бесплатна прва психолошка и психо-социјална поддршка, наменети  за стари  и изнемоштнеи  лица и лица со посебни потреби.

Телефонските броеви 071/426-660 и 071/426-633 се достапни 6 часа на ден, од понеделник до петок во периодот од 10 ч. до 16 ч. и истите се водени од обучени телефонски оператори каде повозрасното население може да побара и добие стручна помош.

Сподели: