Преку донација обезбедени таблети за ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

СОУ „Љупчо Сантов“ со парична донација од компанијата „Антура МК“ и средства од сопствениот буџет, обезбеди 10 таблет компјутери кои на реверс ќе бидат дадени на користење на  ученици од кочанската гимназија за следење на настава од далечина.

-Обезбедивме десет таблети за техничко – технолошко најранливите категории на ученици кои имаат потешкотии со техниката при следење на онлајн наставата. Таблетите се обезбедени преку донација на компанијата „Антура“ која донираше 30 750 денари. Со парите обезбедивме  осум таблети а со средства на училиштето купивме уште два. Во нашето училиште имаме 25 ученици на кои им се потрбени таблети. Првите десет ќе бидат поделени на реверс на учениците кои се најранливи додека ќе се потрудиме во блиска иднина да ја обезбедиме и останатата потребна количина, истакна директорот на СОУ „Љупчо Сантов“, Игор Христов.

Христов се заблагодари на донацијата на компаниајта „Антура“ со повик и до останатите стопански субјекти во рамки на своите можности да донираат за обезбедување на преостанатиот дел од потребните таблети.

Изборот на учениците на кои ќе им бидат дадени на користење обезбедените таблет компјутери е направен со консултација на класните раководители и педагошката служба во гимназијата „Љупчо Сантов“.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: