Преку жалби и поплаки јавноста може да се искаже за проектот за рехабилитација на левиот коловоз од булеварот „Тодосија Паунов“

Почитувани граѓани,

Како дел од Проектот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски финансиран од Светска Банка, Општина Кочани аплицираше Проект за рехабилитација на левиот коловоз од булеварот „Тодосија Паунов“, за кој согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, беше изготвен План за управување со животна средина и социјални аспекти и беше одржана јавна презентација и консултација.

Проктот е дел од Тендерот 1, за кој наскоро ќе започне изведбата на градежни работи. Јавноста, локалното население и останатите засегнати страни можат да бидат информирани и да земат активно учество при реализацијата на Проектот преку Механизам за жалби и поплаки. 

Поради тоа, на веб-страницата на Општина Кочани е објавен документ Механизам за жалби и поплаки каде накратко е опишана целта, идејата и постапката на самиот механизам, со дадени лица за контактирање, кои ќе бидат задолжени за негово спроведување, односно примање на жалби и поплаки, нивно процесуирање и решавање.

Другиот документ е Образец за поплаки за целото спроведување на проектот кој треба да биде пополнет од локалното население доколу има каква било жалба или поплака во врска со реализацијата на Проектот при изведување на градежните работи на терен.

Овие два документа ќе останат објавени на официјалната веб-страница на Општина Кочани сѐ до завршувањето и затворањето на Проектот за рехабилитација на левиот коловоз од булеварот „Тодосија Паунов“.

Општина Кочани

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial