Преку замена на филтри и прочистување на резервоарите за вода локалната самоуправа на Зрновци го подобрува водоснабдувањето во општината

Локалната самоуправа на Зрновци започна со активностите за подобрување на квалитетот на водата за пиење од водоводната мрежа за корисниците на Зрновци и населените места во општината.

Деновиве, вработени во КЈП „Водна Кула“  интервенираат на техничко приспособување и промена на постоечките филтри за вода, како и прочистување на таложниците и резервоарите преку кои се врши прочистувањето и дистрибуцијата на водата до домаќинствата.

-Извршивме промена на опализиран туф во самоперачките филтри за физичко третирање во фабриката за вода. Воедно се изврши и технички промени за правилно дозирање и третирање на хлорот во системот, а по претходните поправки и прочистување на таложникот во „Водна Кула“ и доводниот тунел, деновиве беа исчистени и резервоарите за вода во Зрновци. Сите активности се извршуваат со средства обезбедени од сопствен буџет на Општина Зрновци, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

Како што додадоа од Локалната самоуправа на Зрновци, во текот на претстојниот викенд ќе се изврши прочистување на изворите и доводот до резероварите и таложниците за вода во селата Мородвис и Видовиште.

И. Матеничарски

Сподели: