Преку изложба, ПЗ „Матица“ ќе го одбележи 20 мај, Светскиот ден на пчелата

Во организација на кочанското Пчеларско здружение „Матица“ утре, 20 мај на Западната тераса при НУЦК „Бели Мугри“ ќе се одржи изложба на слики и цртежи од ученици во основните училишта од Кочани.

Настанот се организира по повод Светскиот ден на пчелата со почеток од 12 ч. и се реализира со поддршка на Општина Кочани и НУЦК „Бели Мугри“.

Освен изложба на цртежи и слики ќе се наградат и литературни творби во кои ученици од училишта во општина Кочани пишувале како го доживуват „светот на пчелите“.

Сподели: