Премиерно прикажана претставата „Тој и Таа“ на театарската група „Годо“ – Кочани

Во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани вчеравечер премиерно беше прикажана театарската претстава „Тој и Таа“, подготвена од театарската група „Годо“ – Кочани.

Претставата е во колективна режија и е адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. Брилијантна театарска игра пред публиката во преполната сала во Мултикултурниот центар прикажаа актерите Зорица Митева и Владимир Игнатов кои сосема залужено ги добија аплаузите од присутните, а како статист во претставата играше младиот и надежен актер, Иван Арсов.

Театарската претстава „Тој и Таа“ се реализираше по иницијатива на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Кочани, со финансиска поддршка од Буџетот на Општина Кочани.

Репризата на претставата е вечерва, 7 мај 2022 г. со почеток од 20 ч. во МКЦ.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: