Министерството за животна средина и просторно планирање даде препораки како да се
управува со отпадот за граѓаните кои се во карантин или самоизолација со сомнителен
случај во домот.
Личниот отпад (хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски
или ракавици) се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба.
Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и
убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од
домаќинството.
Другиот отпад од домаќинствата се отстранува на вообичаен начин.
На сила е и дополнителното укажување за постапување со отпад од заштитна опрема,
според кое е потребно носење на заштитна опрема на комуналните работници односно
сите собирачи на отпад и применување на процедурата за отстранување на заштитната
опрема од страна на сите лица кои ја користат во рамки на своето работење.