Прес на ОК Вмро-Дпмне Кочани

Целиот текст го пренесуваме интегрално:

Почитувани сограѓани,

ОК на ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ Ве поканува во сабота на 30-ти ноември во градски парк во 13 часот, сите заедно да се приклучиме на обновата , заедно да ги започнеме разговорите за обнова на Македонија!

Да излеземе од чаурата на пасивноста во која не фрли и секојдневно се повеќе не врзува она што се нарекува Власт, заедно со нивната некреативност и безидејност. Сакаме Сите заедно, со вашите идеи и предлози да ги започнеме #Разговорите од кои ќе произлезат нови и квалитетни решенија. Да го фрлиме клучот од старата нефункционална матрица и да гледаме со прогрес кон Иднината.

Ќе разговараме за сите проблеми и заедно ќе ги решаваме.
На настанот ќе присуствува и ќе има свое обраќање пред граѓаните на град Кочани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др. Христијан Мицкоски.

Кочани е за обнова, обновата е за Македонија!

Се гледаме во градски парк Кочани
На 30.11.2019 во
13:00Ч
(сабота)
Не чека ОбноваНаМакедонија!

Со почит!
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: