Почитувани сограѓани
Коалицијата на ЛДП и ДОМ која прерасна во движење ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ во својата програма од областа на земјоделството на приоритетно место го стави произвотството на кочанското бело злато – оризот.
После жетвата на оризот на земјоделските површини остануваат големи количини на слама која претставува проблем за обработка на земјоделското земјиште и од тие причини најчесто земјоделците ја палат сламата. Со опожарување на стрништата се добиваат силни реперкусии врз животната средина. Тоа придонесува за нарушување на природната рамнотежа на екосистемот, емисија на загадувачки материи во воздухот и долготрајно нарушување на биодиверзитетот во почвата.
Советниците од коалицијата Одлучно за промени ќе се залагаат за изнаоѓање на трајно решение за решавање на овој горлив проблем. Исто така ќе се залагаат и за навремено прскање против комарци и тоа повеќе пати во летниот период со што би се решил овој проблем кој е специфичен за Кочани и кочанската котлина.
Со предвидената децентрализација советниците на оваа коалиција ќе се залагаат државното земјоделско земјиште од 1,2 и трета класа да не претставува предмет за продажба и трговија и истото да не можи да се пренаменува од земјоделско во градежно земјиште бидејки тоа претставува ограничено природно – национално богатство кое служи за произвотство на храна и не треба да се дозволи да се уништува.
Градот Кочани и населението се соочуваат со горлив проблем кој се провлекува со години на назад а тоа се кучињата скитници. Советниците на оваа коалиција преку проекти ќе се потрудат да дадат трајно решение за решавање на овој проблем и отстранување на кучињата од улиците, парковите и зелените површини во градот.
Во Кочани се изградени четири детски градинки и четири основни училишта кои се во непосредна близина на централното гратско подрачје кои имаат големи дворни површини но за жал сите запоставени и несредени поради негрижа на властите кои раководат со нив а се под ингеренции на локалната самоуправа. Кочани е општина која изобилува со вода и има високи потпочвени води и река кои со неколку бушотини можи да се добие бесплатна техничка вода за наводнување на сите зелени површини во градот и околните населени места.
Во Кочани има повеќе здруженија на граѓани но едно од нив е Здружение на Спортско, Рекреативно Еколошко друштво „Кочански рибар“ кое има склучен Договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за заштита на рибата во Езеро Брана Градче и организирање на рекреативен риболов на риболовна зона Брана Градче. Ова здружение е едно од најдобрите риболовни здруженија во Република Македонија но за жал без подршка од Локалната самоуправа.Единствено здружение кое нема просторија- канцеларија. Членовите на ова здружение секогаш самоиницијативно вршат чистење на бреговите околу езерото без подршка од локалната самоуправа. Советниците од коалицијата Одлучно за промени со изработка на проект ќе се потрудат да обезбедат средства за уредување на целиот крајбрежен појас околу езерото со изградба на патека, дрвени мостови и платформи за рекреативен риболов што би придонесло за развој на спортско риболовен туризам.
Исто така локалната самоуправа треба да води грижа во иднина да не се дозволи ловиштето во Кочани да се дава под концесија на правни субјекти кои не се со седиште во Кочани бидејки тие не се присутни на теренот и нивна единствена цел е профитот а не и заштита на дивечот .
Постојат уште многу идеи и решенија за кои би мошеле да помогниме во нивно реализирање но за да тоа потребна ни е подршка од вас почитувани мои сограгни . Затоа ве повикувам на 17. 10.2021 год. да гласате за листата на советници под реден број2 . Заокружувајќи број 2 ќе покажете дека и ви сте одлучни за промени во нашиот град и нашата општина.