Драги пријатели, почитувани сограѓани!
Граѓанското движење „ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ“ предводено од ЛДП и ДОМ ќе настапи на претстојните локални избори со своја советничка листа составена од вредни и чесни луѓе, ценети во средината во која што живеат и работат.
Најнапред сакаме да истакнеме дека нашата советничка коалиција не поднесе барање за добивање простор за бесплатно лепење плакати од причина што ние воопшто и нема да лепиме плакати. Промовирајќи се како зелена коалиција т.е. давајќи приоритет на еколошките проблеми, сметаме дека не е во ред да ја загадуваме животната средина и да го нагрдуваме нашиот град. Особено ако се има во предвид дека дел од плакатите ќе бидат искинати од политичките противници а дел нема да можат да се отстранат по изборите.
За нашите заложби во склоп на Советот на Општина Кочани, ќе ве информираме со тематски прес конференции и соопштенија, па затоа сега само ќе ги споменеме главните цели кон кои ќе бидат насочени нашите активности.
Движењето „ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ“ посебно ќе се залага за:
- Здрава животна средина (детектирање на сите загадувачи)
- Повеќе зелени површини во урбаните средини
- Регулирање на коритото на Кочанска Река
- Ревегетација на опожарените површини
- Затворање на сите диви депонии,
- Засилена контрола на испуштањето отпадни води
- Навремено третирање против комарци
- Поддршка на производство на здрава храна
- Решавање на проблемот со недостаток на паркинг места
- Велосипедски патеки
- Фитнес справи и урбана опрема во секој училишен двор
- Стипендии за најдобрите средношколци
- Реконструкција и заживување на ловниот дом
- Поддршка на граѓанските здуженија и спортски друштва
- Подигање на квалитетот на живот на ранливите групи на граѓани (лица со хендикеп, самохрани мајки и др.)
- Развој на образовен и еко-туризам
Почитувани. Вие сте возрасни и разумни луѓе. Не дозволувајте некој ДРУГ да ви кажува што е најдобро за ВАС. ОДЛУЧЕТЕ сами и направете го вистинскиот избор.
Ви благодарам.