Прес-конференција на Илијев: Вложивме 2 милиона евра во социјална и здравствена грижа


Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Николчо Илијев
1.10.2021 г.

Почитувани сограѓани,

Грижливиот однос кон секој поединец е наш препознатлив белег. Придобивките од социјалната заштита ги чувствуваат граѓаните од различни возрасти и категории. Социјалната инфраструктура ја зајакнуваме како никогаш досега!
По 20 години, градиме нова, најсовремена детска градинка по европски стандарди. Пред три години, оваа околина беше само грда слика. Земјиштето обраснато со трње го заменуваме со нов објект и уреден простор. Ја ставивме во прв план грижата за најмладите и ја решаваме потребата за згрижување на децата.
За четири години изградивме детска градинка, во наредните четири ќе изградиме старечки дом!

Нашата цел е да го подобриме и начинот на живот на сограѓаните од третата доба. Да им обезбедиме поголема грижа и соодветен медицински надзор. Успеавме проектот за Старечки дом на Здружението на пензионерите да го прилагодиме според станардите и условите предвидени со закон. Издадена е и градежна дозвола. И што е многу важно: градбата на овој објект влезе во приоритетната листа за финансирање на Министерството за труд и социјална политика. Тоа значи дека најголемиот дел од трошоците на корисниците ќе ги покрива државата.

Ова е уште еден вистински показател како се работи стратешки!
Ова е уште еден проект во кој граѓаните се најголеми добитници!
Изминативе четири години инвестиравме близу 2 милиона евра за социјална и здравствена заштита. Воспоставивме Мобилен сервис за домашна посета; отворивме Центар за ран детски развој; започнуваме со Сервисен центар за социјални услуги, испорачуваме услуги преку Општинско корисна работа; отворивме Дневен центар за лица со попреченост, обезбедивме финансии за Дом за престој на незгрижени лица. Затоа што секој граѓанин е важен!

Така се работи одговорно, чесно и посветено!
Граѓаните го заслужуваат најдоброто!

Ви благодарам!

Николчо Илијев,

Кандидат за градоначалник
од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“

Сподели: