Прес-конференција на кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков

Почитувани,

Најавуваме нов концепт на мерките на земјоделската политика.

Земјоделците се целосно понижени. Во ек на жетва за житарици нема ни откупна цена ни откуп, а согласно законот цените треба да се дефинирани 15 дена пред старт на жетвата. Минатите 3 години откупните цени беа пониски од производните и како резултат на тоа скоро една третина од површинитекои требаше да бидат засеани не се обработени.

Покрај сите јавни настапи на телевизија, контактите на терен покажуваат дека субвенциите не се целосно исплатени, а законот предвидува целосна исплата до 30 јуни, се случува да дел од земјоделците ги водат како должници иако ги имаат подмирено долговите кон Водостопанство и Јавно претпријатие за пасишта.

Состојбата во сточарството исто така е на незавидно ниво. Цените на сточарските производи, месо и млеко се на прагот на рентабилност.Невремето пред две и пол недели целосно ги уништи насадите со пипер кои не беа осигурани поради тоа што повиците за субвенционирање беа одложени поради корона кризата, последиците ги поднесоа земјоделците без никој да им помогне.

ВМРО-ДПМНЕ, како партија која е реформски ориентирана, пристапува кон нов концепт на мерките наземјоделската политика.Основната стратешка цел на политиките ќе биде зголемување на конкурентската способност на земјоделско-прехранбениот сектор.Ќе се обезбеди олеснување на пристапот на земјоделците до буџетските поддршки.

Буџетските поддршки ќе изнесуваат по 160 милиони евра годишно, ќе се зголеми делот за инвестирањево земјоделството, односно ќе се зголемува процентот за рурален развој, во однос 100 милиони евра задиректни плаќања и 60 милиони за рурален развој.

Во рамки на МБПР ќе се воспостави посебен кредитен револвинг фонд наменет за кредити за обртнисредства за мали и средни претпријатија кои вршат откуп на земјоделски производи за понатамошнапреработка или трговија. Овој инструмент ќе овозможи полесен пристап на откупувачите до капитал сошто ќе се гарантира исплатата на земјоделските производители за предадената реколта во период неподолг од (30) дена.

ВМРО-ДПМНЕ по доаѓање на власт ќе вложува минимум по 20 милиони евра годишно вореконструкција на постоечките и изградба на нови системи за наводнување и водостопанска инфраструктура, а со цел земјоделците успешно да се справат со последиците од глобалнотозатоплување и климатските промени и да го зголемат земјоделското производство.

Со почит,Кандидат за пратеник во ИЕ3 од ВМРО ДПМНЕ и “Коалиција за Обнова на Македонија“ Миле Лефков

Сподели: