Прес – конференција на Мирче Стојков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Почитувани медиуми!
Почитувани граѓани!


На ден 25.11.2020г. ИК на ВМРО ДПМНЕ ја потврди одлуката да ми се укаже довербата да го водам ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани.
Исто така, сакам да ја искористам оваа прилика да се обратам кон политичките противници, кон нашето членство и кон сите граѓани во општина Кочани.


Сакам да апелирам дека ќе бидеме конструктивна опозиција секаде онаму каде се работи за доброто на сите граѓани, но исто така, сакам да потенцирам дека ќе бидеме брутални онаму каде се крши законот а бизнис интересите на одредени поединци се пред интересите на народот.


Почитувани браќа и сестри, почитувани патриоти, ВМРО ДПМНЕ е единствената политичка партија која ги брани интересите на Македонија и само таа може да симне мафијата од власт.
Секој оној кој мисли поинаку е изманипулиран и несвесно работи за Зоран Заев.Време е да покажеме единство и сполотеност, партијата е отворена за сите Македонци.


Почитувани граѓани на општина Кочани,ќе ве замолам да се сетите на минатото кога ВМРО ДПМНЕ ја водеше и државата и општината.Тоа беше време на странски инвестиции и отворање на нови работни места.
Економија се движеше напред и имаше оптимизам и надеж за општото добро.
Тоа беше време кога гордо се кажувавме Македонци и не беше срамота да си ја сакаш државата и историјата.


За на крај да посакам што побрзо да изчезне ова зло наречено Ковид 19, и да се вратиме во нормалниот живот.
Благодарам на вниманието

Мирче Стојков

Сподели: