Љупчо Николовски и Зоран Заев-да не беа тие двајца на власт браната “Речани“ веќе ќе се градеше и ќе беше завршена до 2021 година!
Почитувани,
Љупчо Николовски и Зоран Заев во Кочани не смеат ни да помислат да зборуваат за земјоделието, а уште помалку смеат да зборуваат за браната Речани!
Браната Речани е отпочната уште во 2015-та година, од страна на општината се подготви целокупната документација и сите потребни гео-технички и гео-механички истражувања.
За старт на проектот најпрвин се отпочна со елаборат за експропријација изготвен од Општина Кочани, пробивање и асфалтирање на пристапен пат во должина од 6 км, и тоа со потпорни ѕидови со должина од скоро 1 км!
Да не беа тие патишта Љупчо Николовски и Зоран Заев немаше да можат да стигнат на местото на кое снимале спот во кој ја најавуваат браната Речани, а да не беа тие двајца браната веќе ќе се градеше и ќе беше завршена до 2021 година.
За проектот имаше обезбедено средства во буџетите за 2017,2018 и 2019год. и беше избран и изведувач!
СДС, со доаѓањето на власт сето ова го стопираа за да денеска, во кампања ни продаваат “ефтини приказни“ снимани со скапи камери!
Проектот продолжува да се реализација со истите средства по истите патишта кои ги наследија од власта на ВМРО ДПМНЕ
СДСМ, Љупчо Николовски и Заев покажаа дека можат единствено да не вратат назад и да не лажат!
Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова! На 15-ти јули гласај за број 14 за листата предводена од Игор Јанушев!
Со почит,
Миле Лефков
Кандидат за пратеник во ИЕ3 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“