Почитувани сограѓани,
Почитувани медиуми!
Деновиве стана практика, да се разбудиме со нови огласи за вработување, од кои некои траат дури и по три дена.А за три дена не може да го види огласот дури ни оној за кого го склопиле.
За непотизмот кој владее во редовите на СДС ОО Кочани не сакам ни да говорам!
На ден 18.11.2020г. О.О.У. ,,Никола Карев” -Кочани, распиша јавен оглас за избор на наставен кадар на определено работно време, до крајот на учебната 2020/2021. Доколку детално се разгледа јавниот оглас под реден број 8, се бара, цитираме, ,,Наставник по музичко образование, хор и оркестар, со полн фонд на часови, 20 наставни часови неделно, со нето плата од 24.761,00 денари”.
Истиот оглас АВРМ, подрачна единица Кочани, го внесува во својот систем и во графата за потребна квалификација не побарува како што е јавниот оглас, туку тендициозно побарува високо стручно образование, образовен профил “ДИПЛОМИРАН ФЛЕЈТИСТ”. Наместо образовниот профил да биде распишано за лице кое завршило студии по музичка уметност-оддел за музичка теорија и педагогија со VII/1 или 240 ЕКТС, или студии по музичка уметност, други одели, VII/1 или 240 ЕКТС и со стекната педагошка-психолошка и методска подготовка на акредитирана високо образовна установа.
Дали ова е прекрашување на Законот за работни односи и на законот за основното образование? Дали сопругите на партиските функционери се во предност или некаде ние правиме пропуст? По некоја случајност ваков профил со вакво високо образование е брачниот другар на советникот во општина Кочани од редвовите на СДС Ѓорѓи Алексов. Колку флејтисти има во Кочани? Што станува со останатите, кои се наставници по музичко образование а од старт се дискриминирани?
Го повикуваме Државниот просветен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, детално да ја провери работата на ООУ.,,Никола Карев”-Кочани, како и работата на Агенцијата за вработување на Република Македонија, подрачна едница Кочани, дали се е според законските процедури и правила на двете институции? Сведоци сме на секојдневни злоупотреби завиткани во тенката ,,законска” обланда ама толку провидни и толку на грбот на даночните обврзници, т.е. на граѓаните што станува дегутантно.
Како ќе се извините на граѓаните за непотизмот?
Можеби Директорот на ова основно училиште бара флејтист за училишниот оркестар и хор?
Има ли такво нешто?
ПРОДОЛЖУВА ЗГРИЖУВАЊЕТО НА ПАРТИСКАТА ВОЈСКА НА СДС ВО ОПШТИНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО КОЧАНИ… ПРОДОЛЖУВА ХАОСОТ И БЕЗРЕДИЕТО!
ЗАПАМЕТЕТЕ, ДЕКА ЕДЕН ДЕН ЗА СЕ ЌЕ ОДГОВАРАТЕ!!