Средба со претставници на ромските невладини организации од Кочани се само заради изборите кои треба да се одржат!
Некој повторно сака да манипулира со ромските гласови.
Пред избори се појавуваат одредени “политичари“ кои сметаат дека ромските гласови се врзани во вреќа и дека слободно можат да ги манипулираат Ромите.
Вака веќе нема да може!
Еден од дискутантите си зема за право да се претставуваа како главен на сите Роми во Кочани и кажува дека за Ромите во овие три години е вложено повеќе од три децении!?
Ако си има тој човек политички амбиции нека си викне прес како мене денес нека застане пред неговата партија и нека каже што има да каже, а не да ги понижува сите Роми со неговите изјави кои се само за негова лична корист.
Ама неговите политички амбиции, нашите сограѓани Роми добро ги знаат, и знаат дека неговите зборови се празни зборови!
Ромите добро знаат кога се живееше подобро и која власт се грижи повеќе, споредба нема!
Моите сограѓани знаат дека, само улицата “Стамен Манов“ со потпорни зидови во целата должина од 350 метра и со проектите за ревитализација на канализација тежи повеќе од сите проекти на оваа власт заедно.
Ги гледаат мултифункционалните игралишта на локација кај АСНОМ и на “Колерски гробишта“ игралишта и знаат кој ги направи, игралишта кои сега, оваа власт неможе ни да ги одржува.
На проблемот со вработувањето решение понуди само претходната власт:,
Прво со закон се овозможи вработување на Роми и моментално имаме вработени Роми во детската градинка, Болницата, Полициската станица, , Општина… имавме практиканти во Основните училишта, градинката, ЈОУ Библиотека искра, но за жал откако настапи на сцена СДС прво беше да ги избркат практикантите од работа.
Второ , двете странски инвестиции Антура и Амфенол, беа доведени во Кочани од претходната власт па дел од нашите сограѓани најдоа работа. Проектите на оваа влада и на градоначалникот немаат допринесено за вработување на ниту еден наш сограѓанин па вклучително и на Роми !
-Претходната власт обезбеди и напредок во образовната структура со задолжителното средно образование, и со бесплатните учебници за сите деца!
Ромите се сиромашни но се горд народ, ние не сакаме да бидеме потценувани и неможеме да слушаме умилкување пред избори .