Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ во Проектот – обнова на Македонија објавува војна против корупцијата и криминалот и најавуваме борба за еднаквост пред законите!
Македонија е заробена држава со хибриден правен и политички режим. Државата е правно несигурна, внатрешно разјадена од системски вкоренетата корупција и криминал. Политичките институции и државните органи се во заложништво на власта..
Позади мене е еден таков пример!
Во центарот на градот на објект на ИНТ трејд активно се вршат градежни активности, а градоначалникот на Кочани е основачот на ИНТ Трејд.
Секој објект на кој се врши градежна активност мора да биде обграден со заштитна ограда, да има информативна табла со изведувач и инвеститор и да има јавно истакната информација по кое одобрение и решение се изведува!
На објектот на ИНТ нема истакнато никаква табла затоа што најверојатно нема никаква легална техничка документација, најверојатно нема одобрение и решение за реконструкција и преадаптација а очигледно е дека веќе три месеци врши градежни дејности во и околу објектот без да се почитува законот!
Каде се градежните инспектори? Зошто законот не важи за објектите на фирмата на градоначалникот?
Сето ова е во срцето на градот пред очите на сите нас! Уште еднаш прашувам каде се инспекторите?
Власта и СДС се закануваат на сите граѓани и за најмали зафати во кои нешто градат или преградуваат, на угостители им се закануваат и ги рекетираат за настрешници и урбана опрема.
А од друга страна фирма на градоначалникот гради во срцето на градот без да го почитува законот и прави кривични дела!
И за крај, дали инспекциските служби имаат извршено редовен, вонреден или било каков надзор над овој објект?
Прогласуваме војна против корупцијата, а правдата победува, ќе победиме на 15 јули а потоа ќе градиме Македонија во која сите ќе бидеме еднакви пред законот!
Со почит,
Кандидат за пратеник во ИЕ 3 на ВМРО ДПМНЕ и
Коалиција за обнова на Македонија
Миле Лефков