Почувани граѓани,
Деновиве заменик министерката за Финансии Гордана Кочоска-Димитриесвка излезе со запрепастувачки информации за пораст на трошоците за времени вработувања.
Иако СДС во кампањата 2016 година ветуваше дека ќе создаде стручна и ефикасна администрација со примена на принципите на праведност и стручност при вработувањето, односно дека нема да ја користи администрацијата за згрижување на партиските кадри на власта, сепак она што се случи подоцна е апсолутна спротивност на ветеното.
Бројките за потрошени средства за привремени и вработувања на определено време бележат значително зголемување во мандатот на СДС,
Во 2015 за времени вработувања се отрошени 302 милиони денари;
Во 2016-та 333 милиони денари;
Во 2017-та 347 милиони
Во 2018-та таа бројка да порасне на 490 милиони денари:
2019-та 600 милиони што е практично дуплирање на средствата потрошени 2015-та;
И 2020 за половина година 335 милиони односно повеќе од цела 2016 и 2015-та година!
Привремените вработувања станаа алатка за партиска корупција и влијаење на избори!
Уште повеќе, во време на корона здравствена и економска криза, при намален обем на работа, оваа Влада во заминување во април и мај 2020 година, објавила огласи за јавни набавки за агенции за привремени вработувања во вредност од 1,4 мил.евра?!!!
На ваквото трошење на народни пари мора да се стави крај, должност на народот е да се спротистави на корупцијата. Времето на обнова доаѓа наскоро!!!
Ви Благодарам,
Кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“
Миле Лефков