Прес-конференција на ОО на СДСМ Кочани

Почитувани,

Во пресрет на продолжениот викенд, на седница на влада, согласно препораките на Комисијата зазаразни болести, беа донесени одлуки со цел брза и ефикасна реакција за спречување наширењето на коронавирусот. Се воведува целосна забрана на движењето на сите граѓани во сите скопски општини,Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце,почнувајќи од 21:00 часот во четврток до 05:00 часот во понеделник.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од 21:00 часот во четврток до05:00 часот наутро во петок. Петок, сабота и недела – забраната започнува од 16:00 часот и трае доследниот ден до 05:00 часот наутро. Во периодот од 21:00 часот во четврток до 05:00 часот наутро во понеделник, се забранувапосета на гробиштата на територијата на цела држава, освен во случај на погреби.

Петок се прогласува за неработен ден за сите граѓани. Почитувани сограѓани, вирусот е присутен и опасен. Само со почитување на мерките ќеуспееме. Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилниопштини, а најдобар пример за тоа е Општина Дебар.

Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Секој мора да носи маска, секој мора да држи дистанца од 2 метри и секако без групирање. А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства!

Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој. Целата јавност вчера слушна како незрелиот и неодговорен Христијан Мицкоски ги прекршилмерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот. Седел во затворен дел вокафеана иако тоа е најстрого забрането според мерките за заштита од Ковид-19.

Вчерашно однесување на Мицкоски е директен доказ дека овој незрел политичар кој себе си сенарекува лидер на опозиција директно поттикнува непочитување на мерките и заштита од вирусот.

Дополнително, поттикнува и неказнување и заштита на прекршителите од страна на МВР. Тие натоа се навикнати, да штитат криминал. Мицкоски, Чулев и нивните послушници во МВР цело време намерно и организирано јасаботираат борбата со вирусот надевајќи се на зголемување на бројот на заболени.

Не им е жал заболните, за докторите, за оние кои поради нив и таквите како нив кои не ги почитуваат мерките сегамораат повторно да бидат во карантин. Ги повикуваме граѓаните да не го следат ова неодговорно однесување на Мицкоски, испротивно од него да ги почитуваат мерките за заштите од КОВИД-19.

Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема! Во ваква ситуација,политичарите мораат да бидат пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови!

Голема поддршка до сите здравствени работници и до сите граѓани кои ги почитуваатмерките! Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас. Ќе успееме!

Ви благодарам!ОО СДСМ Кочани

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial