Прес-конференција на ОО на СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани,

Се бориме со пандемија од коронавирус, но и со пандемијата на лажни вести од ДПМНЕ! Глумат загриженост, а ги кршат мерките за заштита!
         ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во време кога сите се бореа со првите закани од коронавирсуот, лажеа дека направени биле само 100 теста. Оттогаш досега направени се повеќе од триесет илјади тестови.
          Мицкоски и ДПМНЕ лажеа дека 140.000 граѓани останале без работа поради коронавирусот. Институциите излегоа со податоци дека во посочениот термин 8.100 лица останале без работен ангажман.
         Мицкоски и Наќе Чулев лажеа и безмалку се натпреваруваат кој ќе каже поголема лага. За случајот со теретаната, Чулев велеше не биле ракавици туку „отсјај од светлината“, а Мицкоски пак, дека имало некакви „боени ракавици“!!!
         Сите функционери на СДСМ кои имаат добиено решенија за самоизолација ги почитуваат мерките и задолженијата БЕСПРЕКОРНО.
       И нашиот сограѓанин Миле Лефков, повторно во негов кукузелски и малариски стил, си прави филмови на сметка на граѓаните.
        Поради здравствената криза на граѓаните им поделивме повеќе од 2000 маски, стотина социјални пакети и ќе продолжиме со акциите според правила и на начин соодветен за заштита и спречување на заразата.
         Нашето раководство во услови на криза работи за граѓаните по правила кои се утврдени од страна на владата од СДСМ.
          Најодговорно тврдам дека сите протоколи се запазени при секоја средба, а состаноци со потпретседателот кој е позитивен или со дел од раководството – не сме имале. Секој што имал контакти – како што видовте  на телевизија е во изолоција и е тестиран. Како партија повеќе пати покажавме свесност и почитување кон протоколите, па макар цела Влада да биде во карантин.
          Лефков, дали мислиш дека за ситни политички поени некој ќе си го ризикува своето семејство и ближните свои!? За ваква глупост да смислиш, треба да си подготвен да ја направиш – на што ти очигледно си!
Во кое својство повикуваш на тестирање? Како епидемиолог, општ лекар или … !? Плукаш по своите сограѓани и поентираш на сметка на здравјето на луѓето!
Приказните имаат крај, исто како што ѝ дојде крајот на твојата. Лагите се обезличени! Заедно со граѓаните можеме и знаеме, затоа одиме на избори и враќање во нормала каде одговорноста ќе биде на прво место!
          Им посакувам брзо оздравување на нашите сограѓани кои се позитивни на КОВИД-19 и убеден сум дека ќе успееме! Заедно ќе го совладаме невидливиот непријател. Затоа, сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје, а со тоа ќе го заштитиме и здрвјето на сите околу нас.
Воедно најавувам дека против Миле Лефков  ќе биде поднесена кривична пријава до надлежните институции.

Ви благодарам!
Претседател на ОО СДСМ Кочани
Гоце Серафимов

Сподели: