Прес-конференција на ОО на СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани,


На денешен ден, пред две години се потпиша Договорот од Преспа со што се затвори повеќе децениски спор со нашиот сосед Грција.


Храброста и визијата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас придонесе отвореното прашање да се затвори во интерес на двете држави, нивните граѓани и нивната иднина.
По потпишувањето на Договорот се отвори процесот за пристапување на Република Северна Макеоднија во НАТО и во март оваа година, во услови на светска пандемија, Република Северна Македонија стана 30та земја членка на НАТО алијансата со нови 29 сојузници.
Покрај членството во НАТО, Договорот нѐ донесе чекор поблизу до ЕУ. Конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција.

Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство и очекуваме до крајот на 2020 година и формално да започнат преговорите за членство.
Додека Зоран Заев, СДСМ и Владата се поставија државнички и одговорно пред интересите на граѓаните, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го спречат напредокот и интегративниот процес. Тие го критикуваа Договорот од Преспа, не го признаваа уставното име но тоа не им пречеше кога нивни пратеници добиваа плати од Собрание на Република Северна Македонија. Се закануваа дека ќе го поништат

Договорот и со тоа дека ќе го загрозат членството во НАТО и напредокот во ЕУ.
За среќа, нивните деструктивни обиди за блокирање и кочење на напредокот не успеааја, нема да им успеат ниту обидите за враќање на државата назад во времињата на изолации и поделби.
Заедно чекориме напред!

Заедно можеме многу повеќе, многу подобро!
Ви благодарам,
д-р Томе Солевски
Претседател на Совет на Општина Кочани

Сподели: