Прес-конференција на ОО СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани,
Владата на Република Северна Македонија, предводена од СДСМ, успешно ја спроведува долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе остане и за идните поколенија.

Кризата предизвикана од пандемијата со корона, не ги попречи капиталните инвестиции. Спротивно на тоа, капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забразана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита.
Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин.

Изградба на нова детска градинка, реконструкција на Мултикултурниот во младински центар, реконструкција на стар објект во планинарски дом,реконструкција на ски-лифтовите на Пониква,Изградба на браната Речани како еден од најзначајните капитални објекти за Кочанскиот Регион, Реконструиран Трговски центар и ново идејно-архитектонско решение за Градскиот парк во модерно кејско шеталиште – ова се само дел од проектите коишто го одбележуваат развојот на Кочани.

Повеќе од педесет улици и патишта во градот и населените места на Кочани се изградени или реконструирани, а дел од нив се во фаза на реализација. Патна инфраструктура во должина од над 30 километри е реализирана само за 2,5 години од мандатот на актуелната локална власт и градоначалникот Николчо Илијев. Залагајќи се за рамномерен развој, подеднакво се инвестира и во градската средина, во рамничарските и во планинските села.

Највидливи се промените на „Ленинова“/„Стево Теодосиевски“, коишто покажуваат дека се проектира булеварско решение со кружни текови .
Од патната инфраструктура ќе издвоиме само дел: – Реконструиран е локалниот пат Кочани – Подлог – Мојанци (3,2 км) – Се градат 6 улици во градот и 5 во населените места преку Проектот за подобрување на општинските услуги (1 км) – Реконструиран е десниот крак на булеварот „Тодосија Паунов“, следува реконструкција и на левиот (700 м) – 8 км патишта за руралните делови на Кочанско: Крушка – Полаки; Крушка – Ајдар; Оризари – Добра Вода; „Мишо Арсов“, „Енгелсова“… – Асфалтирани се: „Ѓорѓи Пулевски“, „Кресненско востание“, „Блаже Поп Арсов“, „Карпошово востание“, „9 Мај“ во Кочани… 7 улици во Тркање, во Оризари, Подлог, Мојанци, Прибачево, Грдовци, Бели, Нивичани… – Рехабилитирани се обиколницата кај Кочани (6 км) и регионалниот пат Пониква – Кочани (11 км)

Изработена е техничка документација за изградба и реконструкција на уште 6 км улици – Изградени се четири нови детски игралишта, пред почеток на градба е петтото, а се реконструираат повеќенаменските во Тркање, Прибачево и Грдовци. Реализацијата на овие проекти ги увери граѓаните во одговорното, чесно и економично работење по високи стандарди.
Инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – а тоа е инфраструктурата.

Оваа власт предводена од СДСМ покажа како се сака и како се работи !
Достоинствен живот за сите граѓани! Едно општество за сите!
Заедно можеме !

Координаторка на Форум на жени на ОО СДСМ Кочани
Ивана Максимова

Сподели: