Почитувани сограѓани,
Игнорирањето на вирусот и негирањето дека истиот постои нема да помогне во надминување на состојбата и намалување на бројката на заразени. Секаде во светот, постојат истите мерки за заштита на населението и намалување на ширењето на заразата. Онаму каде резултатите се добри, се добри затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.
Почитувањето на мерките маска, дистанца, хигиена и дезинфекција остануваат единствениот начин, единствениот механизам со кој може да се заштитиме како поединци и како општество.
Граѓаните кои се одговорни и доследно се придржуваат до мерките треба и мора да бидат пример за останатите. Рестрикциите и повторно затворање се непожелни и може да ги избегнеме само со многу дисциплинирано однесување и прифаќање на новите правила на однесување. Животот мора да продолжи и ние мора да функционираме нормално, почитувајќи ги мерките.
Комисијата е стручна, со огромна доверба од граѓаните, секој неоснован и политички напади кон неа ја попречува нејзината работа
Сите одлуки кои досега ги донесе оваа Комисија дадоа резултат затоа што беа епидемиолошки издржани, само и единствено во интерес на заштита на колективното здравје и ставање на епидемијата под контрола. Ниту една одлука или препораката на Комисијата не е неоснована и секоја се темели на претходна анализа на актуелната состојба.
Членовите на комисијата за заразни болести, кои се медицински лица, медицински работници кои во комисијата го даваат својот максимум секојдневно и покрај редовната прекумерна работа што ја имаат како лекари, епидемиолози, инфектолози во борбата со Ковид-19.
Сепак, граѓаните се најважниот дел од целокупниот државен систем. Влогот на граѓаните, нивната поддршка на институциите се клучни во справување со оваа и секоја друга кризна состојба која го погодува целото општество. Сите сме засегнати и како поединци и како држава и сите треба да придонесеме во решавање на проблемот.
Политизирање на состојбата, ставање на кризата со вирусот, во било каков друг контекст, освен здравјето на граѓаните, нема да помогне, а нападот врз Комисијата за заразни болести и нивно етикетирање дополнително им го отежнува работењето. Тоа е неодговорно однесување на ВМРО.ДПМНЕ и треба итно да престане.
Здравствениот систем е подготвен и организиран да се носи со новите заболени од коронавирусот
Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат мерките за лична заштита, да ги почитуваат протоколите за движење и држење дистанца, ги повикувам надлежните да го контролираат поревносно почитувањето на мерките – тоа е начинот да го спречиме ширењето на вирусот и да се заштитиме.
Ви благодарам!
ОО СДСМ Кочани