СДСМ Е НОСИТЕЛ НА ОДГОВОРНА ВЛАСТ, ИЗБОРИТЕ НА 15 ЈУЛИ СЕ ЗА СПАС НА ДРЖАВАТА, ЗА ФУНКЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ
Почитувани,
СДСМ е носител на одговорна власт и обврска ни е да носиме одлуки во корист на Вас, граѓаните. На Република Северна Македонија и е потребно активно Собрание и целосно фунцкионална политичка влада бидејќи поголема криза од оваа – нема да можеме да издржиме со техничка влада и без Собрание.
Изборите се за спас на државата, 15 јули е денот за одлука на граѓаните!
За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучивме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата.
Во таква ситуација, изборниот ден ќе биде на 15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани.
13-ти и 14-ти јули односно понеделник и вторник ќе бидат денови за гласање на болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот дома или во болници, сите што се во само-изолација и сите хронично болни граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12-ти јули, недела.
СДСМ ќе води одговорна кампања како што и доликува на државотворна и зрела политичка партија. Сите наши активности во следниот период ќе бидат организирани и спроведени во согласност со мерките за заштита.
СДСМ докажа дека знае и умее да делува во интерес на граѓаните, така ќе се однесуваме и во кампањата. Ги откажуваме митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани, на сметка на други активности со кои ќе ја испратиме нашата порака, но и ќе го заштитиме здравјето на нашите активисти, членови и на сите граѓани.
Ви благодарам,
Гоце Серафимов, Претседател на ОО СДСМ Кочани