Прес-конференција на ОО СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани,
Повторно поделби, повторно неподобни и подобни, повторно класификации!
Господине Мицковски, велите фискалната политика и даноците ќе биле предвидливи, а дури Вашето најавено присуство за изјава пред медиумите не може да го предвидите.
Велите дека наводно ќе сте се обврзале пред бизнис секторот и после исцрпни дебати ќе сте носеле законски решенија, а не можете да останете доследен на едноставна, закажана прес-конференција од Ваша страна.
Зборувате за донесување решенија во избрзана, еднострана процедура во Парламентот, а токму Вие повторно го употребувате принципот на селективност – делејќи ги медиумите, фирмите, докторите и почитувајќи го само оној кој Вам Ви одговара.
Изгледа Ве изненади новиот автопат, па затоа и пресот предвреме го одржавте.
Ве изненадија платите на докторите, развојот на болницата па се среќавате во  приватна режија со нив.
Прашајте ги фирмите кои ги посетивте колку и какви субвенции имат добиено од Владата на СДСМ – или веке Ви објаснија па затоа толкава збунетост!
Претендирате за добивање на власта – и уште неседнати во премиерската фотелја, почнавте со нетранспарантност, изолираност и чистка на патот пред Вас.
Вам не Ви е приоритет туѓото време, Вам не Ви се приоритет сите граѓани!
Вие сте алчни и жедни за власт, уште сега спремни да вршите поделби, да сеете страв кај граѓаните, да го држите народот под опсада додека ги реализирате Вашите фрустрации!
Да Ве потсетиме дека:
Секој граѓанин на оваа држава е важен!
Секоја компанија заслужува еднакви мерки и решенија за развој!
Секој медиум заслужува почит!
Ние се стремиме кон едно општество за сите! Тоа граѓаните го препознаа минатите 3 изборни циклуси кога го дадоа нивниот глас за СДСМ.
Затоа, на 12 април граѓаните ќе гласаат за отворено општество за сите со просперитет кон ЕУ И НАТО!  Граѓаните знаат кој е правиот пат!
Со почит,
Гоце Серафимов
Претседател на ОО СДСМ Кочани

Сподели: