Прес-конференција на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани новинари, 

почитувана јавност, 

почитувани сограѓани

Од скандалот кој вчера се обелодени се гледа како високи полициски функционери создале злосторничко здружување и креирале вибер групи за комуникација во кои договарале и координирале пресметки и тепање на граѓани кои не размислувале како раководството на СДСМ.

Во целост се злоупотребувани и полициските овластувања за што е можно поголема саботажа на волјата на граѓаните. 

Содржината од една таква група наречена ХХХ беше обелоденета вчера!

Во Прилеп, видовме дека имале координации со насоки од типот:

„Застанете ги возилата и на принуден технички преглед“!

“Земете му ја колата убијте го, направете нешто” и сл.

Веднаш по обелоденувањето на овој скандал охрабрени граѓани од нашиот град ни пристапија и не информираа дека се жртви на исти или слични закани како оние кои ги видовме во групата координирана за Прилеп.

Граѓани не информираа и се пожалија на притисоци, закани, одземени документи за возила, ни се пожалија на посети во дворови од полицајци за да им предадат записници за наводно сторени прекршоци, а не информираа и за лични шиканирања!

Во текот на вчерашниот ден и лично бев сведок на шиканирање на граѓанин од страна на униформиран полициски службеник кој покрај тоа што го навредуваше граѓанинот повика и интервентна екипа од која побара-цитирам:

“Однесете го во станица како тој од пред некој ден” гласеше заканата!

За ова однесување е поднесен и соодветен поднесок!

Дополнително ќе се утврдува кој се бил член на овие вибер групи и дали и ова однесување е координирано во таква група!

Имаме сознанија дека во Кочани не само полицајци туку и директори и функционери блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија,  формирале злосторничка група за потребите на вториот круг од изборната кампања, а чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел закани за работни места на вработени, физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз. 

Упатувам јавен повик и апел до началникот, до одредени полицајци, директори да не се ставаат во улога на партиски извршители и веднаш да престанат со заканите и притисоците!

Веднаш да престанат притисоците во комуналното јавно претпријатие, да престанат притисоците и заканите во болницата, во училиштата во администрацијата и најважно од се да престанат притисоците и шиканирањата од страна на полицијата!

Го повикувам и актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник Николчо Илијев кој е и потписник на кодексот за фер избори јавно да ги осуди ваквите закани да се огради од нив и веднаш да ја информира јавноста дека не сака гласови добиени под закана!

Одговорност ќе има, никој, повторувам никој не смее да ја попречува слободната волја на граѓаните, никој не смее да ја попречува демократската и европска иднина на Македонија!

Со почит,

Миле Лефков

Пратеник во Собрание на Р.Македонија

Видео изјава со клик ОВДЕ.

Сподели: