Прес-конференција на Сашо Постолов, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Почитувани сограѓани,

Сведоци сме на секојдневното намалување на интересот за спортови, во време кога повеќе од нужно е како за младите, така и за повозрасните занимавањето со некој спорт.

Од друга страна недостатокот на градска спортска сала е една од причините за досегашната состојба со врвните колективни и поединечни спортови во нашата општина кои секако бараат и посебни услови.

Со изградбата на овој објект ќе се створат услови за враќање на некогашниот сјај на кошарката, ракометот, борењето и поединечните спортови кои во не така далечни времиња беа гордост за нашиот град, а со тоа ќе ги поттикнеме младите да се свртат кон спортските активности и отргнат од пороците на денешницата.
ВМРО ДПМНЕ е народна партија која гради во континуитет спортски сали, спортски терени и секогаш инвестира во младите и во нивното здравје.

Да ја создадеме новата иднина заедно, затоа што таа вреди да се бориме.

Сашо Постолов, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Видео изјава може да погледнете со клик ОВДЕ.

Сподели: