Почитувани,
Денес ја одржавме 46-тата седница на Советот на Општина Кочани која на Дневен ред имаше 19 точки, меѓутоа за една точка од Дневниот ред ние Советниците се чувствуваме повикани да ги информираме граѓаните за нашата одлука.
Врз основа на доставената предлог одлука од Управниот Одбор на ЈОУДГ „Павлина Вељанова”, денес Советот на Општина Кочани донесе одлука за ослободување од надоместок за трошоци за престој на деца во детската градинка за периодот од 11.03.2020 год. до 07.09.2020 год. во време на пандемијата КОВИД-19 .
Од 09.09.2020 год. до укинувањето на пропишаните услови согласно со Протоколот за згрижување и воспитание на децата во време на пандемијата КОВИД-19, во делот на ограничениот број на деца во воспитните групи, се ОСЛОБОДУВААТ од плаќање надоместок за материјални трошоци во висина од 35% од утврдената цена за целодневен престој во градинка, оние родители на кои децата им се запишани но не престојуваат во градинката.
Со ова се надеваме дека им излеговме во пресрет на родителите, односно семејствата кои имаат деца што посетуваат градинка и колку толку допринесовме за намалување на трошоците на овие семејства во време кога пандемијата, за жал не стивнува.
Воедно ги замолуваме сите граѓани за поодговорно однесување и за почитување на препораките и мерките од Здравствената Организација.
Ви благодарам,
Гордана Антова
Советник во Совет на Општина Кочани