Прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани – Ниските капацитети на власта ги носат нерешените сообраќајни проблеми во ќорсокак

Почитувани сограѓани,

Николчо Илијев и СДСМ како клучен приоритет на својот мандат го наведоа решавањето на сообраќајните проблеми во градот, меѓу приоритетите беше и итната изградбата на кружен тек на дуплиот мост кај судот.

Во 3-тата година од мандатот Илијев се одлучува да го отфрли ова сообраќајно решение за кое претходно и самиот се залагал и за кое наследил постоечка изготвена проектна документација, па сега, бара целосно ново решение и бара да се проектираат 2 нови кружни текови на спојот на улиците „Димитар Влахов“ и „Стево Теодосиевски“ и веднаш понатаму за „Димитар Влахов“ и „Глигор Апостолов – Гочо“.

Кружниот тек служи за регулирање на сообраќајот и зголемување на безбедноста, но негативната последица од кружниот тек е забавувањето на сообраќајот е зголемената емисија на штетни гасови од возилата кои дополнително го загадуват воздухот на локацијата на кружниот тек.

Загадување од кружниот тек на дуплиот мост би било “амортизирано“ од струењето на воздухот над реката, но изведба на два кружни текови во срцето на “Стришани“, каде нема струење како над реката и каде што штетните гасови ќе остануваат во средината се еколошка бомба за градот, издувните гасови со сигурност ќе го задушат овој дел од градот!

Прашуваме на каква анализа се темели барањето за проектирање на вакво сообраќајно решение на тој простор? Илијев и СДС во 2017-та на прес конференции обвинуваа за ниските капацитети на тогашната локалната затоа што не била отпочната изградбата на кружниот тек на дуплиот мост.

Прашуваме:За чии ниски капацитети станува збор сега?

Сепак станува јасно дека граѓаните до крајот на мандатот на Николчо Илијев нема да видат никакво решавање на сообраќајните проблеми во градот.

Со почит, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Сподели: