Почитувани сограѓани, почитувани медиуми !
Владата САМО декларативно повика на фер кампања ама преку партиските ограноци на СДС веднаш започнаа со црна кампања. Сведоци сме на секојдневно уништување и непочитување на правната држава. Стана навика и начин на размислување и живеење да се избегнува и манипулира Законот и да извртуваат работите за дневно-политички поени. Уништување на билборди, расфрлање на политички памфлети и летоци ноќта спроти христијанскиот ден Прочка и останати девијантни однесувања се само најава за една валкана кампања.
Според изборниот законик, уништување на билборд платен за политички цели се казнува во висина од 2000 евра. Политичката партија може да поднесе прекршочна пријава со видео или фото како доказ за стореното.
И додека нивни членови безобзирно прават ѓубре, фрлаат летоци низ градот, уништуваат билборди како да не се доволни полните контејнери и дивите депонии кои не ги одржуваат на начин соодветен за парите од даночните обврзници кои како совесни граѓани внимавааат секое ливче и хартија да заврши во контејнер. Само тоа не важи и за СДС, за нив нема ни закони ни етика!
Одличен “низок” старт на пред-кампања на СДС во Кочани. На нивните глупости им нема крај… Се надеваме, дека сепак ќе надвладее свеста и кај нив, и почнат да се однесуваат ако не повеќе барем соодветно на Законите во нашата Република Македонија.
Ви благодарам!
Гоце Марков – портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ КОЧАНИ