,,Во мало место не дај боже да се разболиш”, е главната забелешка во Македонија, а Кочани не е исклучок.
Граѓаните вон Скопје имаат ограничена здравствена заштита, но и големи пропусти, а тоа го потврдува и статистиката, но и податоците од СЗО. Владата, наместо да инвестира во болницата во Кочани и да создаде услови да се намине принципот ,,УПАТ ЗА СКОПЈЕ”, продолжува со нефункционални инвестиции во облик на лимени празни бараки во болничкиот двор.
Поразителен е фактот што Кочанската болница која опслужува 120 000 граѓани кои гравитираат во овој регион да работи со само еден гинеколог. Со ова државното здравство се откажува од овие пациенти и истите бараат спас во приватните клиники ширум државата, а надвор од Кочани.
Ваквиот однос значи негрижа за жените, но и негрижа за бебињата, негрижа за наталитетот и за иднината на државата.
Воопшто не е поразлична сликата ниту за другите здравствени сектори.
Време е да ставиме крај на ваквиот однос кон здравството во Македонија. Секој заслужува квалитетен и навремен здравствен третман.
Докторите и медицинскиот персонал даваат се од себе, но потребен е вистински однос од државата.
Почитувани, никогаш не било полошо, време е да се стави крај на негрижата, време е да се свртиме кон реална грижа за здравството и заштитата, време е да ги поразиме лошите и неодговорни политики.
Гоце Марков
Член на Централна комисија за здравство и Секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани