Прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани – Општината никогаш не била во полоша состојба

Почитувани новинари, почитувани сограѓани,

Македонија, на чело со СДС, станува изгубена, влезе меѓу најсиромашните економии со перформанси на земјите од европската периферија. Додека Македонија тоне во долгови, Кочани сериозно заостанува станувајќи инфраструктурна црна дупка.

За само две години ја доби титулата најзагаден град во Источна Македонија, воздухот е отровен, а стапката на иселување е алармантна.

Општината никогаш не била во полоша состојба, не е реализиран ниту еден битен капитален проект, се што ветија излажаа. 99% од ветената програма и на локалните и на парламентарните избори, за жал се само празно слово на хартија.

Прашуваме: Каде се бомбастично најавените проекти од витално значење за Општина Кочани и зошто никој од власта не зборува за ветувањата на градоначалникот и на Владата? Зошто од ОО на СДС и од локалната не признаат дека свесно ги излажаа граѓаните? Каде е гасификацијата на цела Општина Кочани? Каде е старечкиот дом? До каде е финансиската поддршка за секое новородено дете? Каде е новата водоводна мрежа, професионалниот театар, …? Зошто во екот на зимскиот туризам на Пониква не се користат топовите за вештачки снег и зошто на Пониква сеуште нема служба за спасување?

Со политиките на Зоран Заев и Николчо Илијев, не само што е потрошена сегашноста, туку е нагризан и дел од иднината. Граѓаните секој ден и се почесто чувствуваат како да живеат во рурална општина, далеку од современиот свет.

Казната ќе стигне многу наскоро, граѓаните се следат и се паметат.

Тешко е да веруваш некому, кога тој веќе еднаш ти дал причина да не му веруваш !!!

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: