Прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ КОЧАНИ – Здравството во Кочани се базира на “Упат за Скопје“

Целиот текст ви го пренесуваме интергрално:

Катастрофалната ситуација во здравството во државата а особено во Кочани не заслужува ефтина популистичка прес конференција со широки насмевки. 

Секојдневно сме сведоци на доктори избркани од работа поради партизацијата во здравството.

Зошто не ги споменувате скандалите кои секојдневно ги гледаме на вести.

Дали знаете дека асоцијацијата на млади лекари и специјализанти изминатава недела излезе со тврдење дека од земјава се иселиле над 400 лекари. Тие формирале и Регистар на лекари кои се надвор од земјава за да ја следат состојбата со нивното иселување.

За само 2 години и тоа од 2017 до 2019 год. Македонија забележа пад  од 12 места на светскиот индекс за здрави нации според Блумберг.

За само 2 години, Македонија последна во регионот и сите екс-Ју републики вклучувајќи ја и Албанија!

Пад од цели 12 места од 2017та година е доказ дека македонското здравство, не функционира и има сериозен застој во последните две години. За разлика од сите екс-ју Републики кои во последните две години покажуваат раст на ранкот на Блумберг, Македонија е во пад за 12 места. Албанија е земена како сосед и држава која е во голема политичка криза, а сепак не стагнира како Македонија. 

Руинираната болница в Кочани, проблемите со греењето, со апаратурата, партизацијата… допринесуваат во вашиот пресс да не веруваат ниту болните, ниту здравите, според  домашни анкети, јавното здравство нашите граѓани го оцениле со просечна оценка од доволен 2 (на скала од 1-многу лошо до 5 одлично) а  дури 40% од граѓаните од истокот дале оценка 1 или многу лошо, а ако се спроведе анкетата во Кочани во моментот бројките би биле за Ваш срам.

Со здравство во Кочани кое се базира на “Упат за Скопје“ немате место за такви насмевки.За крај, кажете барем ЕДНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА во последните три години, посочете каква апаратура имате набавено и за кое одделение? 

Со почит, 

Комисија за здравство на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: