Прес на ОО СДСМ Кочани – За 21 % зголемени платите на вработените во градинките

Почитувани медиуми, почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат подобар живот и повеќе пари за граѓаните. Ние цениме дека квалитетното образование уште од најрана
годишна возраст е столб на државата и затоа вработените во градинките се најзаслужни за грижата и развојот на нашите деца.
За прв пат во историјата на државата воведовме кариерен развој на воспитувачкиот кадар, што ќе делува мотивирачки кај вработените кои досега и покрај ниските примања беспрекорно ја извршуваа својата работа.
Во претходната година во два наврати добија драстично зголемување на платите од 21% кај воспитувачите, негователите, стручните работници и соработници.
Истовремено за 5% се зголемија и платите на помошно-техничкиот персонал со колективен договор потпишан од Синдикатот.
Ова е мотив плус да дадат се од себе за уште подобра едукација на нашите деца.
Почитувани, конечно, со сето ова, вработените можат да кажат дека се враќа достоинството на персоналот кој се грижи за децата во градинките, а истовремено се подобрува и целокупниот квалитет во воспитно – образовниот процес за најмладите.

Со почит ОО СДСМ, Кочани
Претседател на СДММ, Коста Иванов

Сподели: