Прес на ОО СДСМ Кочани – На стечајците им се исплаќа месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирање

Од 2017-та година Владата предводена од СДСМ, на неколку пати донесуваше измени во законот за материјално обезбедување на лицата кои останаа без работа при приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, познат како закон за стечајци.
На тој начин, преку Агенцијата за вработување, на лицата кои ги исполнуваат условите, а се постари од 52 години за жени и 55 години за мажи, до пензионирање – им се исплаќаат 8000 денари месечно.

Во текот на 2017 година, Центарот за вработување во Кочани, по основ на овој закон, донесе околу 250 позитивни решенија, односно околу 250 лица – кои беа евидентирани како невработени, се стекнаа со право на материјална помош до нивно пензионирање.
Во текот на 2018 година, во два наврати – со овој закон беа обесштетени околу 220 лица.


Оваа година, во текот на месец јануари, во Центарот за вработување во Кочани, повторно се поднесуваат барања и сите оние кои ги исполнуваат условите – ќе се стекнат со право на добивање 8000 денари месечно до нивно пензионирање или вработување.


Ова потврдува дека Владата предводена од СДСМ се грижи за сите категории на граѓани!
Затоа сме сигурни дека чекориме по правиот пат!

ОО СДСМ Кочани

Ангел Арсов
стечаец

Сподели: