Целиот текст ви го пренесуваме интергрално:
Почитувани сограѓани,
Со добивањето на централната, а потоа и на локалната власт – се обврзавме да работиме во насока на подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Наша цел е заедно да чекориме напред и да градиме општество – еднакво за сите. Една од позначајните мерки е подобрување на патната инфраструктура на целата територија на Општина Кочани.
Во 2019 година Општина Кочани ги доби сите проекти поднесени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кои беа одобрени со максимален учинок.
Беа одобрени 10.182.558 денари за изградба на улиците: „Тоде Паунов“ во Долни Подлог, „Маршал Тито“ во Мојанци, „Ангел Стојчев“ во Тркање, „Михаил Арсов“ во Прибачево и „Ангел Донев“ во Оризари.
Гратче и Оризари се поврзуваат со Кочани, со изградба на улиците „Енгелсова“ што води кон Оризари и „Мишо Арсов“ – кон месноста Пресечена Скала, за што беа одобрени 20 милиони денари.
Во тек е постапката за изградба на патот од Крушка до месноста Ајдар, а од истата мерка, преку Центарот за развој на Источниот плански регион ќе се асфалтира и пристапниот пат од селото Оризари до манастирот „Пресвета Богородица“ во туристичката населба Добра Вода, за што се наменети 15 милиони денари од Платежната агенција.
Втората фаза од локалниот пат од Крушка до селото Полаки веќе е реализирана со финансиска поддршка на Бирото за регионален развој, кое одобри 3 милиони денари за изградба на нови 940 м.
Се изврши асфалтирање на улиците Ѓорѓи Пулевски, Кресненско Востание и на улицата Блаже Поп Арсов – каде се ставија потпорни ѕидови.
Се изврши реконструкција на десниот коловоз од улицата „Теодосија Паунов“, пробивање и тампонирање на улицата зад станбениот комплекс на „Стево Теодосиевски“ и пробивање на улиците „560“ и „Февруарски поход“ како и изградба на патот од „Антура“ до с. Мојанци (со тротоар и јавно осветлување), порамнување и тампонирање на земјан пат во м.в. Кривулица, с. Тркање, потпишан договор за изградба на 5 улици во селата Оризари и Тркање.
Потпишан договор за изградба на 6 улици во Кочани: „Кирил и Методиј“, „Скопска“, „560“, „Стефка Тасева“ (со „Скоевска“ и „555“), „Петар Синадинов“ и „Искра“
Постапка за експропријација на недвижен имот на дел од улицата „Стево Теодосиевски“
Во тек се јавни набавки за изградба на осум нови улици во Кочани.
До крајот на 2020 година е планирано асфалтирање на 30 улици, за што ќе бидат наменети 125 милиони денари.