Прес на ОО СДСМ Кочани – Јануарската пензија повисока за 700 денари

Целиот текст ви го пренесуваме интергрално:

Почитувани сограѓани,
Како што најавија Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Шаип Зенељи и Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова, од јануари 2020 година – почнува зголемувањето на пензиите кое ќе се исплаќа со јануарската пензија.
Ова претставува најголемо покачување во последните 12 години со кое се опфатени 322 622 пензионери.
Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основица и истото дополнително ќе се усогласи во текот на 2020 година со трошоците за живот.
Со новото законско решение, конкретно растот на пензиите – ќе го следи покачувањето на минималната и на просечната плата во државата. Покачувањето се прави плански, со издржани пресметки и во услова кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата.
Системското решение предвидува дополнително зголемување на пензиите, освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите.
Во години на раст на минимална плата над 15% и на раст на просечна плата за 5%, ќе има можност за покачување и на пензиите за 5%.
На почетокот на 2020 година, просечната пензија со последното покачување кое го најави Претседателот на Владата, а е проектирано во Буџетот – ќе изнесува околу 15 500 денари, или од доаѓањето на власт до почетокот на идната година вкупно сме ја покачиле просечната пензија за 1746 денари.

Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14 598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.
Пензиите се покачуваат во време кога дефицитот на Фондот за ПИОМ е намален за 10%, а приходите се зголемуваат. Речиси 44% од пензионерите во државата земаат пензија под 12 000 денари. Дополнителните 700 денари, ќе значат најмногу токму за овие наши сограѓани.
Исто така, во тек е поднесување на барања за банско-климатска рекреација и сите заинтересирани пензионери можат да си поднесат барање до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Секој заслужува достоинствен живот!
А, за разлика од претходните години – пензиите веќе се исплаќаат без позајмици.
Затоа – цврсто сме убедени дека чекориме по ПРАВИОТ ПАТ!!!
Со почит,
ОО СДСМ Кочани
Крсто Михов

Сподели: