Прес на Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Унапредување на образовниот процес во основните и средни училишта во Општината

Почитувани,

во својата предизборна програма кандидатот за градоначалник г-нот Љупчо Папазов, важен акцент става на образованието и младите.

Приоритетни ќе бидат проектите како што се:

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО СИТЕ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТИТЕ НА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА КАДЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ИЗГРАДБА НА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“

Од сите основни училишта во нашата општина, единствено основното училиште „Раде Кратовче“ нема спортска сала во која учениците би спортувале и одржувале настава по физичко образование. Заради тоа ќе изградиме училишна спортска сала како еден од предусловите за правилен физички развој на учениците.

СТИПЕНДИРАЊЕ И МОТИВАЦИЈА НА ОДЛИЧНИТЕ УЧЕНИЦИ ГРИЖА ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА УЧЕНИЦИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СООДВЕТНИ МОЖНОСТИ ЗА МОБИЛНОСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СО ЦЕЛ ЗБОГАТУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ЕДУКАЦИЈА (ЕРАЗМУС+) УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА МЛАДИНСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Ќе создадеме услови и ќе го стимулираме младинскиот активизам преку работата на Младинскиот совет со цел младите во нашата општина да го пронајдат своето место.

КРЕИРАЊЕ ПОВЛАСТЕНИ МЕРКИ ЗА МЛАДИТЕ ВО ОДРЕДЕНИ СФЕРИ НА ОПШТЕСТВЕНОТО ЖИВЕЕЊЕ

За сето ова да не остане еден обичен лист хартија, туку да биде реалност, да излеземе и да го заокружиме бројот 7. Заедно да ја создадеме новата иднина за младите во нашата општина. Кочани заслужува промени! Доаѓаат подобри времиња!

Бубе Спанчевска, кандидат за Советник

Видео изјава со клик ОВДЕ.

Сподели: