Прес на Тоше Михајлов – движење „Одлучно за промени“ на ЛДП – ДОМ

Драги пријатели, почитувани сограѓани

На овие локални избори ЛДП и ДОМ настапуваат самостојно како движење ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ.Пред Вас граганите понудивме листа на советници составена од лица со интегритет,вредни со став и визија за развојот на општина. Стручни кадри кои ке бидат чувари на нашата општина.
Ветивме дека ке го обединиме политичкиот центар и тоа го остваривме.На овие локални избори заедно со граганските активисти создадовме политичка сила која ке биде сериозна опција и алтернатива на двете големи политички партии.

Ние нудиме опција.Зелена агенда со која сакаме да ја разбиеме црно-белата слика.Веруваме во носење на одлуки во интерес на граганите.Советниците од листата ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ ке бидат коректор во доминацијата на двата поголеми политички блока.

Во изминатите дваесетина дена ви ги претставивме своите идеи и заложби за подобрување на квалитетот на живеење во Општина Кочани.Тие се темелат на реалните потреби на обичните луге.На сите нас ни се потребни услови за пристоен живот.На сите нас ни се потребни улици кои ке нудат безбеден сообракај,на сите ни е потребна здрава храна и чиста животна средина.Водевме природна и отворена кампања ,но понудивме натпревар на идеи и концепти за животна средина која во исто време може да биде урбана и модерна но и зелена.Одиме со идеја во која Кочани ке биде модерен и зелен град,град за младите,град за сите.Отворен за инвестиции,спортски натпревари и културни манифестации.

Ова можеме да го оствариме затоа што сме во коалиција со вас граганите,затоа што сме дел од вас и понатаму ке бидеме рамо до рамо во решавањето на сите Ваши и наши проблеми. Длабоко сме убедени дека патот по кој чекориме е пат кон успехот, пат кон победата до која ке стигнеме со Вашата поддршка.Од Вас ја црпиме силата и пред вас ке одговараме на нашите постапки.

Нашиот народ рекол:”Верувај му многу на оној што ветува малку”Затоа во недела заокружете го бројот 2 од советничката листа на коалицијата”ДВИЖЕЊЕ ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” и дајте ни шанса да ги исполниме нашите скромни но реални ветувања.

Ви благодарам,

Сподели: