Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани на 12.12.2022 околу 13.00 часот бил лишен од слобода Е.Х.(33) од Кочани.
Имено, по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, извршен е претрес на дом и други простории кои ги користел Е.Х., при што се пронајдени и одземени 105 пакувања марихуана, подготвени за продажба.
Дрогата е одземена, а лицето е приведено, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка согласно член 215 од Кривичниот законик.
МВР