Претрес во Кочани, приведен дилер

Полициски службеници уапсиле кочанец откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени 26 пакувања со прашкаста материја, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

– Во Кочани вчера полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Кочани го лишиле од слобода Ф.Ј.(35) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 26 пакувања со прашкаста материја, посочуваат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели: