Денеска, во салата за состаноци на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со директорите и училишните педагози од основните училишта во Кочани во врска со претстојниот упис на првачиња во основните училишта.
Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што воедно родителите ќе добијат покана.
Соопштението за запишување на ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 во основните училишта во Општина Кочани е на следниот линк со клик ОВДЕ.
Родителите кои нема да добијат покана потребо е да се јават во најблиското училиште, согласно местото на живеење во текот на месец мај 2023 година.